– Навивачката група „Комити” на фудбалскиот клуб Вардар изготви две знамиња со имињата на Мала Преспа и Голо Брдо во боите на Вардар, јави весникот „Македониум”.
– Во соработка со единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, знамињата им се предадени на Македонци со потекло од Мала Преспа и Голо Брдо кои што живеат и студираат во Скопје, и ќе ги носат со себе на сите натпревари каде што ќе играат фудбалскиот и ракометниот клуб Вардар, наведува весникот.
Додава дека деновиве од навивачката група „Комити”, знамињата ги добиле активисти на МАЕИ предводени од членот на Извршниот комитет на партијата, Јани Колефски.
-При таа прилика заедно се дружеа и навиваа за фудбалскиот клуб Вардар, наведува „Македонија”.