Салатата со краставици и домати попозната помеѓу народот како „шопска салата“ е омилена на нашите простори, но дали е здрава ?
Салатата со краставица и домат е популарна и омилена кај нас. Иако сме навикнати да јадеме домати и краставици заедно, ретко кој прашува дали овие две намирници во комбинација можат негативно да се одразат на здравјето. Алена Парецку, руски нутриционист објаснува која е тајната во овие состојки и како консумирањето на оваа салата може да создаде некои проблеми.
„Речиси секој прави и јаде салата од краставици и домати, но постојат докази дека сите можни придобивки од зеленчукот, кога ќе се измешаат во една салата, можат делумно да се неутрализираат. Се верува дека поради составните компоненти на овој зеленчук, нивната комбинација предизвикува процеси на ферментација во желудникот и цревата. Тоа може да предизвика надуеност и иритација на дигестивниот тракт“, објаснува русинката.
Доматите содржат големо количество аскорбинска киселина (витамин Ц), а краставиците го содржат ензимот аскорбиназа кој го разградува и неутрализира витаминот. Покрај тоа, краставиците содржат многу вода и влакна, а доматите имаат многу киселини, па нивната заедничка апсорпција може да го оптоварува дигестивниот тракт. Кај луѓето со чувствителни црева, оваа салата може да предизвика дијареа.
Исто така, поради својот состав, краставиците формираат алкална средина, додека доматите имаат кисел состав. Како резултат на тоа, постои реакција на неутрализација со намалување на активноста на оние корисни соединенија кои се наоѓаат во двата вида зеленчук. Исто така, постои уште една комбинација која треба да се избегнува, а тоа се тестенини и сирење или тестенини и месо. Тестенините се богати со скроб, а скробот и протеините различно се варат, па доколку ги јадете во исто време можни се дигестивни проблеми.