Макрон бара од Израел да престане да убива бебиња и жени во Газа, реагира Нетанјаху

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика Израел да престане да убива жени и бебиња во Газа и го повтори повикот за прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас.

Веќе пристигна реакцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој изјави дека израелските сили не убиваат цивили.

Тој рече дека „сите нации треба да го осудат Хамас, а не Израел“, пишува bbc .

Израелскиот лидер тврдеше дека армијата се обидува да ги отстрани цивилите од конфликтот додека Хамас ги користи како жив штит.

„Злосторствата извршени денеска од Хамас-ИСИС во Газа ќе бидат извршени утре во Париз, Њујорк и ширум светот“, предупреди тој.

Инаку, Израел започна офанзива против милитантите на Хамас откако овој организираше ненадеен напад на 7 октомври на израелските територии.