Макрон вели дека рекордните нелегални преминувања низ Ламанш укажуваат на неуспех на Брегзит

Рекордните преминувања на нелегални мигранти преку Ламанш оваа година покажаа дека Брегзит не успеа да го исполни британското ветување за построги гранични контроли, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, додавајќи дека на Британците им е „продадена лага“.Макрон и британскиот премиер Кир Стармер во четвртокот објавија пилот-програма за враќање на мигрантите што пристигнуваат во мали чамци.

Макрон додаде дека заминувањето на Велика Британија од Европската Унија значи дека недостатокот на формални договори со ЕУ за миграцијата всушност ги охрабрува луѓето да го преминуваат Ламанш.

„Актуелната ситуација всушност дава поттик за преминување. И затоа ова е токму спротивното од она што Брегзит го предложи и вети“, рече Макрон во четврток.„Работата е во тоа што на Британците им беше продадена лага, а тоа беше дека им било кажано дека проблемот е Европа, но со создавањето на оваа правна празнина, проблемот стана Брегзит.“Официјалните податоци од Велика Британија објавени претходно овој месец покажаа дека речиси 20.000 баратели на азил пристигнале во Велика Британија со мали чамци досега во 2025 година, што е рекордно високо ниво за првите шест месеци од годината.