Макрон доби пакет во кој има отсечен прст!

Не е познато зошто прстот е испратен до претседателот

Отсечен прст беше испратен до францускиот претседател Емануел Макрон .

Застрашувачка пратка во понеделникот пристигна во Елисејската палата во Париз, јавуваат странските медиуми.

– Прстот е ставен во фрижидер каде што полицајците вообичаено ги ставаат ужините , за да се сочува и што побрзо да се анализира – изјави извор запознаен со ситуацијата.

Тестовите подоцна утврдиле дека навистина се работи за човечки прст, а наводно бил контактиран „сопственикот“ и му била укажана лекарска помош. Немаше никаква порака или друго известување што ги остави истражителите прилично збунети.

Не е познато зошто прстот е испратен до претседателот.

Инаку, француските претседатели добија многу необични пратки, вклучително и оние со куршуми, но ова е првпат во нив да има делови од телото.