МАКРОН ИСПРАТИ „РАФАЛИ“ ВО ПОЛСКА „Нема да попуштиме пред растечкото заплашување од Русија“

Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна објави дека Франција ќе испрати три борбени авиони „Рафал“ за да помогне во заштитата на воздушниот простор на Полска, како дел од соработката со НАТО, по серијата инциденти со руски беспилотни летала на полска територија.

– По инвазијата на руски беспилотни летала во Полска, решив да распоредам три борбени авиони „Рафал“ со цел да придонесам за заштитата на полскиот воздушен простор и источното крило на НАТО, заедно со нашите сојузници – рече Макрон на платформата X.

Тој додаде дека ја презел оваа „обврска“ вчера во разговор со полскиот премиер Доналд Туск, и дека за ова прашање разговарал со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и британскиот премиер Кир Стармер, кои исто така се ангажирани во одбраната на источното крило.

 Безбедноста на европскиот континент е наш апсолутен приоритет. Нема да попуштиме пред растечкото заплашување од страна на Русија – рече Макрон.