Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вечерва изјави дека Европа е потресена, а по повод пукањето во Брисел во кое загинаа двајца шведски државјани.
Макрон додаде дека станува збор за „исламистички терористички напад“, пренесува Ројтерс.
Пукањето се случило во центарот на Брисел, а напаѓачот се уште е во бегство.
Според локалните медиуми, белгиските безбедносни служби имаат видео на кое осомничениот изјавил дека е припадник на Исламската држава, но автентичноста на видеото се уште не е потврдена.