Макрон разговараше со Ердоган за ситуацијата во Газа

Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше за ситуацијата во Газа со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Тукушто разговарав со претседателот Ердоган за ситуацијата во Газа и перспективите за конференција за решение со две држави. Сè мора да се направи за мирот и безбедноста 
на Израелците и Палестинците “, рече Макрон во изјава на турски јазик на неговиот профил на Платформа X.

Макрон претходно оваа недела објави дека Франција ќе ја признае државата Палестина во септември на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации, кога објави писмо што го испратил до претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас, во кое ја потврдува намерата на Франција да стане првата западна сила што ќе ја признае државата Палестина.

Вчера, Макрон разговараше со британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц , по што тројцата лидери истакнаа дека ситуацијата во Појасот Газа е „ужасна“.

Тројцата лидери се согласија тесно да соработуваат во спроведувањето на планот, кој ќе „го отвори патот кон долгорочно безбедно решение во регионот на Блискиот Исток“.