Макрон: Руската економија силно оптоварена од војната во Украина, официјалните податоци се пропаганда

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека руската економија е многу оптоварена од војната во Украина, додавајќи дека не верува во официјални податоци, сметајќи ги како пропаганда.

Макрон изрази дека не верува во податоците за намалување на Бруто домашниот производ (БДП) на Русија за само 2,1 отсто во 2022 година.

„Тие (Русите) велат дека е минус 2 отсто, јас велам дека е многу повеќе“, рече Макрон , пренесува Телеграф.

Според него, Русите заработуваат од гасот што го продаваат на други, но остатокот од економијата многу страда.

„Руската статистика е пропаганда. Тоа е недемократска земја која нема независен институт за статистика“, додаде францускиот претседател.

БДП на земјата се намали за 2,1 отсто во 2022 година, според податоците на Руската агенција за статистика (Росстат), што ја прави економијата поранлива од очекуваното на влијанието на западните санкции против Москва.

На крајот Макрон нагласи дека „стотици илјади млади Руси ја напуштија земјата за да избегнат мобилизација за војната во Украина“.