Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека сака Русија да ја изгуби војната во Украина , но не и да биде уништена.
„ Убеден сум дека на крајот (конфликтот) нема да заврши на воен начин “, рече Макрон во интервјуто објавено синоќа, кое го даде на неколку новинари.
Тој додаде дека „ сите опции без Владимир Путин во сегашниот систем “ (на меѓународните односи) „ му изгледаат полоши “ од опциите со рускиот претседател, пренесува БТА.
Во пресрет на руската инвазија на Украина , Макрон отиде во Кремљ да се види со Путин во обид да го одврати од инвазијата на земјата.
По почетокот на војната, францускиот претседател продолжи да одржува контакт со рускиот колега – привлече критики, особено од Киев, затоа што не ја осуди доволно силно агресијата.
Меѓутоа, неодамна Макрон го зацврсти својот став кон Русија , а Франција испорача оружје на Украина.