Макрон: Франција ќе го брани Израел доколку Иран го нападне

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција ќе го брани Израел доколку Иран го нападне.

„Доколку Иран го нападне Израел како одмазда, Франција, земајќи ги предвид своите средства и доколку е во можност да го стори тоа, ќе учествува во операции за одбрана на Израел“, рече Макрон на прес-конференција.

„Ја изразив нашата подготвеност во оваа насока“, додаде Макрон.

Тој исто така рече дека Франција нема намера да учествува во никаква офанзивна операција, пишува АА , според Телеграф.

„Нема да учествуваме во офанзивна операција, бараме дипломатско решение.“

„Соочена со голем ризик од дестабилизација за целиот регион, Франција сега ги повикува сите страни да покажат максимална воздржаност за да избегнат ескалација. Прашањето за нуклеарната програма на Иран е сериозно, егзистенцијално прашање. Сега мора да се реши преку преговори“, рече францускиот претседател.

Меѓу другото, тој изрази „жалење“ поради фактот што Иран не го сфати сериозно предлогот на САД што дозволува ограничено збогатување на ураниум на ниско ниво.

„Го кажувам ова со најголема јасност: ризикот од напредокот на Иран кон нуклеарно оружје го загрозува регионот, Европа и пошироко, колективната стабилност. Не можеме да живееме во свет каде што Иран поседува атомска бомба, бидејќи тоа е егзистенцијална закана и закана за нашата безбедност.“

Инаку, Макрон потврди дека не учествувал во неодамнешните операции ниту во нивното планирање.