13-годишното момче кое на 3 мај уби девет ученици и чувар во „ОУ Владислав Рибникар“ и кое по злосторството беше затворено во болница, како што пишува српкиот медиум „Република“, изразил желба да ја напише својата автобиографија и да опише неговото злосторство.
Од 3 мај момчето е затворено во клиника во Белград, каде е под постојан надзор на лекарите кои го прегледуваат, како и на полицајците кои се таму за да не се обиде да избега, да се повреди или да не нападне некој друг.
За време на престојот, најголемиот дел од слободното време го поминува читајќи книги што му ги подарила мајка му, поради што ја добил идејата да пишува.
Како што изјави соговорникот за порталот ,,Република”, момчето се опседнало со пишување книга.
– Книгата што ќе ја напишам ќе опише сè што се случило во мојот живот! Велат дека сум император и оваа книга ќе ги интересира сите тие луѓе, а јас ќе заработам милиони затоа што луѓето ме сакаат! Зошто да не знаете сè? Толку добро ќе напишам што на сите ќе им биде интересно – повторувало момчето.
Изворот на порталот вели дека момчето е убедено дека мора да ја напише својата автобиографија и да опише сè што му претходело на злосторството како и на самиот масакр во Врачар.
– Постојано зборува за пишување книга за неговиот живот од раното детство до денес. Повторува дека тоа ќе биде работа од големи размери. И дека детално ќе ги наведе причините кои го навеле да се заложи за тоа што го работел во своето училиште, како и како го планирал и го реализирал – објаснува изворот на порталот Република.
Од самиот почеток, однесувањето на момчето ги шокирало лекарите кои го прегледале, бидејќи неговото однесување и начин на комуникација со нив не е вообичаено за тинејџер, а неговите изјави и прашања, како и пораките кои се обидел да им ги пренесе на родителите се во најмала рака чудни.
Да потсетиме, неговиот татко е во притвор бидејќи момчето делото го извршило со пиштолот, а обвинителството истражува дали таткото и мајката го занемариле или го малтретирале синот.
Со одлука на судот им беше наложено и да им забранат располагање со нивниот имот кој, како што беше утврдено, е значителен и се проценува на повеќе од еден милион евра, а пред само два дена имотот на таткото на момчето беше замрзнат и сите пари на неговите сметки и сите пари со кои располага се префрлени на депозит на јавниот извршител каде ќе се чуваат до конечното завршување на кривичната постапка.