Министерот за надворешни работи на палестинските власти Ријад Малки го обвини Израел за намерно бомбардирање на болницата Ал Ахли во Газа и додаде дека жителите на Појасот Газа се подложени на геноцид.
Тој за време на состанокот на Организацијата за исламска соработка во Саудиска Арабија рече дека израелската армија два дена претходно ја нападнала истата болница и ги предупредила лекарите кои работеле таму, пренесува Тајмс оф Израел.
Малки истакна дека во последните 11 дена во бомбардирањето на израелските одбранбени сили (ИДФ) загинале 1.300 деца и наведе дека меѓународната заедница му дозволува на Израел „да убива под изговор за самоодбрана“.
Англиканскиот бискуп од Ерусалим, Хосам Наум, рече дека болницата Ал Ахли добила најмалку три наредби од израелската армија за евакуација, но дека персоналот наводно одбил да ги почитува наредбите.
Бискупот додаде дека израелски гранати погодиле два ката од болницата, но во исто време одби да ја препише вината за експлозијата.