Малолетник 114 пати избодел девојче, ножот се скршил во главата! Случај што го згрози светот: Ужасот следувал по злосторството

Страшно злосторство се случило во 2021 година кога 14-годишен малолетник од Флорида дури 114 пати ја избодел девојката Тристин Бејли (13) од американскиот град Џексонвил и престанал да ја касапи со ножот дури кога сечилото се заглавило во черепот на несреќната тинејџерка и се скршил внатре во главата.

Поради бруталноста на злосторството, кое го шокираше целиот свет, властите одлучија да му судат на малолетното чудовиште како на возрасен, иако првично беше обвинет за убиство од втор степен.

Девојчето на 9 мај беше пронајдено мртво во шума со 114 убодни рани по телото, од кои 49 за самоодбрана и се на рацете и главата.

Осомничениот им рекол на пријателите дека „има намера да убие некого“, но никој не ги сфатил сериозно неговите изјави. Меѓутоа, случајот брзо стана кристално јасен кога на неговата облека беше пронајдена ДНК на жртвата.

– Не кажа кој, но на сведоците им укажал дека некого ќе убие така што ќе ја однесе жртвата во шума и ќе ја избоде со нож – изјави државниот обвинител Р.Ј. Ларица.

Јавноста беше шокирана од фактот што на 9 мај, кога првпат беше приведен како сведок, тој направи серија селфи од полициско возило и без проблем се пофали со нив на социјалните мрежи. Не е јасно за што точно ја убил Тристин, ниту како ја избрал да биде негова жртва.

Тој може да биде осуден на доживотен затвор.