Малолетниците масовно силуваат девојчиња, а алармот во оваа европска земја е веќе вклучен: “Главниот проблем е порнографијата, тоа им е водич!“

Во ноември минатата година, група малолетници на закана со нож силувале 11-годишно девојче во тоалет во трговски центар во близина на Барселона. Во јуни 13-годишно девојче било силувано од нејзините врсници во просториите на основно училиште во Мадрид.

Од 2015 година, Шпанија бележи постојан пораст на бројот на силувања извршени од малолетници. Минималната возраст за кривична одговорност во Шпанија е 14 години. Во Каталонија, бројот на малолетници помлади од 14 години вклучени во сексуални злосторства се удвоил помеѓу 2015 и 2022 година. Помеѓу јануари и април оваа година, едно од осум лица уапсени за сексуални злосторства во Каталонија било малолетно. Екстремната десница, во пресрет на предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на крајот на овој месец, побара намалување на старосната граница за кривична одговорност.

Сепак, експерт од непрофитната организација Save The ChildrenКармела дел Морал, предупредува дека зголемувањето на казните не е најдобриот начин да се реши овој „многу сложен проблем“. „Нема едноставно решение како намалување на возраста за кривична одговорност и испраќање на сите малолетници во затвор“, тврди таа.

Експертите предупредуваат дека еден од главните проблеми е тоа што малолетниците имаат лесен пристап до речиси неограничена понуда на порнографија. „Без квалитетно сексуално образование, младите и децата се свртуваат кон порно сајтови. Тоа е како туторијал, како да одите на Јутјуб за да научите како да ја поправите дупната гума“, објаснува Едуардо Естебан, обвинител за малолетници. Околу 15 до 20 отсто од децата на возраст од осум до девет години во Шпанија признале дека гледале порнографија на Интернет.

Особено забележлива е леснотијата со која пребарувачите нудат насилна порнографија која покажува жени во покорни улоги кои никогаш не се контрадикторни и кои прифаќаат какво било однесување од мажите, без разлика колку е бизарно. Ова ги нормализира нападите на бандите, кои често се снимаат. Децата сега учат за секс, преку порнографија. Тоа е како да научиш да возиш гледајќи ги филмовите Fast and Furious“, вели Кармела дел Морал.

Според студијата на Save the Children од 2020 година, речиси седум од десет тинејџери редовно гледаат порнографија. Повеќе од половина рекле дека порнографијата ги инспирирала нивните сексуални искуства.

Колку почесто гледаат порнографија, толку помалку ги задоволуваат нивните сексуални односи“, додава Кармела дел Морал. Иако пристапот до порнографски содржини е теоретски забранет за оние помлади од 18 години, во практиката не постои таква контрола.

децасексуално возменирувањеШпанија