Малолетници натепале момче и му го одзеле мобилниот телефон. Случајот бил пријавен во СВР Скопје, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 16:20 часот, Б.П., на возраст од 48 години, од скопското село Кучевиште, пријавила дека околу 14 часот во населба Нерези, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, кои му го одзеле и мобилниот телефон, појаснуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот