Во висина од 1.500 евра се казнети родителите на двегодишното девојче од Франција поради нивното невнимание, поради што нивната ќерка завршила во болница.
Имено, додека си играла во гаражата, малото девојче пронашло жолта кутија со Киндер јајца во која имало канабис, кој го изела.
Иако мајката набрзо видела што се случува и го извадила канабисот од устата на ќерка си, сепак не успеала да го спречи настанувањето на штетата. Девојката навистина конзумирала малку канабис, поради што следното утро не се разбудила.
Родителите веднаш повикале брза помош и девојчето дури неколку дена било во кома, но во меѓувреме се разбудило и повеќе не е во животна опасност.
-Поради невнимание родителите се казнети со парични казни од 500 и 1.000 евра, јавуваат медиумите.