Мандиќ во официјална посета на Република Северна Македонија

Денеска и утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе биде претседателот на Собранието на Република Црна Гора, Андрија Мандиќ, поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, информираат од МВР. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.