Манев: Заедно со Кешишев ја ископавме дупката, во неа требаше да се чуваат грабнатите додека не се исплатат пари

Во Кривичниот суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со распит на обвинетите. Прв на листата е Велибор Манев кој е обвинет како соизвршител, а на товар му се ставаат кривичните дела грабнување, две убиства на свиреп начин од кои едно на малолетно лице и едно од користољубие.

Во карирана кошула застана пред судечкиот совет и започна со неговиот распит. Рече дека ќе се обие да каже се и тоа да се запише на записник. На почеток го распитува неговиот бранител Горан Бошевски.

„Со Боре Видевски се познавам од дете од основно. Со Љупчо Палевски се познавам од 2018 година тогаш стапивме во Фејсбук пријателство откако тој имаше потреба од набљудувачи за избори. Подоцна пристапив и во канцеларија така се запознавме и лично, подоцна се приклучив на партијата Трета, и од тогаш до денеска еве сум овде, со неговото знаење и познавање. Со Влатко Кекишев се знам неколку години, беше и тој дел до партијата Трета. Беше како готвач, домаќин, му ги одржуваше канцелариите на Трета и му готвеше на Љупчо Палевски. После тоа дојде тука затоа што му ја даде довербата на Љупчо Палевски, му готвеше без надомест“, рече Манев.

Бошевски: Дали го познавате Александар Ѓорчевски?

Манев: Не ниту го знам ниту го познавам, ниту некогаш сум го видел.

Бошевски: Дали го познававме сега покојниот Панче Жежовси?

Манев: Да го познавав. Работев на негова куќа, пред 15-16 години тогаш ме измами, не ме измами туку едноставно не ми ги плати средствата што требаше да ми ги даде за завршена работа. Бараше камења скапи да се лепат на неговата куќа, резбани, тоа се најскапи во градежништвото. Ми остана должен 1500 евра. Тој кажал на неговите дека должи 500 евра, а всушност беа 1500. Се скаравме тогаш, потоа извадив јас 12-13 квадрати од бекатон плочките што му ги редев, па тој повика полиција, направија записник, ме опоменаа дека не смеам така да постапувам, дигнав раце од се тоа и толку. Уште еднаш отидов кај него во фризерницата, му побарав уште еднаш парите што ми ги должи, ме избрка, дојдов до степен да го тепам, но не го сторив тоа, дигнав раце и оставив на Господ. Тоа беше се од контактот и познавањето со Панче.

Бошевски: Кој ги однесе полицајците од СВР Велес и СВР Скопје до местото каде е пронајдено телото на Панче Жежовски?

Јас.

Кој ја ископал даа дупка?

Јас ја копав заедно со Влатко Кекишев.

За која цел?

Целта беше да се чуваат грабнатите лица и да потоа да се пуштат на слобода откако ќе се изврши наплата.