Маникирката ми го виде ноктот и панично рече – ОДИТЕ НА ЛЕКАР ВЕДНАШ: Кога открија што е „точката“ се смрзнав – тоа беше НАЈОПАСНАТА БОЛЕСТ

Маникирката ја предупреди својата клиентка штом и го виде ноктот. Иако изгледаше како модринка, се покажа дека е нешто многу поопасно.

Стејси Бос (32), мајка од Глазгов, забележала тенка кафена дамка на палецот и била сигурна дека тоа е последица на удар или повреда. По редовна посета на маникирката и предупредување од жената со која работи, открила дека се работи за рак. Денеска се смее со маникирката затоа што вели дека добива 10% попуст затоа што нема еден нокт.

Имено, се започнало кога Стејси првпат закажала состанок со дерматолог за да ја утврди причината за дамката на ноктот на 27 ноември 2019 година. По многу одложувања на операцијата, поради пандемијата на корона вирусот, таа на 27 март годинава отиде на операција на отстранување на ноктот и пресек до коска поради ретка форма на рак на кожата што се јавува под ноктот. Станува збор за субунгвален меланом кој главно се манифестира во кафена боја на кожата.

Стеји вели дека маникирката и го спасила животот кога забележала промена на бојата под ноктот за која се сомневала дека не е резултат на удар.

“Таа одби да ми направи маникир и ми рече – веднаш оди на дерматолог. Отпрвин бев збунета бидејќи не знаев ништо за тој тип на меланом и кои се симптомите”, изјавила Стејси за “Метро” и додала : „До операцијата, која неколку пати беше одложувана поради пандемијата, дамката растеше се повеќе и повеќе.

Што е субунгвален меланом?

Субунгвалниот меланом е рак на кожата кој се развива исклучиво под ноктот.

Меланомот е рак на кожата кој започнува во меланоцитите, клетките кои содржат пигмент на кожата. Групирање на меланоцити може да доведе до формирање на бенки (невус). Некои бенки се канцерогени, но повеќето не се.

Третманот на меланомот на ноктите може да биде тежок доколку не се открие во најраните фази, бидејќи може да се прошири на други органи.

Меланомот на ноктите најчесто е резултат на прекумерна изложеност на ултравиолетова сончева светлина. Поради тоа, повеќето луѓе го препознаваат меланомот на делови од телото кои се изложени на сонце, како што е лицето.

Помалку е веројатно да се сомневаат во меланом на други површини на кожата, каде што исто така може да се појави. Ова исто така важи и за меланомот на ноктите, познат како субунгвален меланом.

Симптомите не се сфаќаат сериозно затоа што оваа форма на меланом често изгледа како обичен гребен под ноктот, а препознавањето може да биде тешко.