Заменик-министерката за здравство Маја Манолева вели дека на средба со директорите на клиниките се договориле за спроведување алтернативни решенија за хируршките сали кои не работат две недели, поради проблеми со инсталацијата за кислород и во компресорската станица.
– Ќе се постават надворешни компресори и садови со компромиран воздух. Оператовниот план ќе се реализира со одлука на стручни колегиуми во рамки на секоја клиника, изјави Манолева во гостување на вестите на Сител.
Таа додаде дека ќе бара итна реакција од Владата на седница.
-Заеднички служби за потребите на здравството да се задолжат како посебна устанива за итна набавка и промена на компресорската станица и инсталацијата за довод на компромиран воздух, додаде таа.