Бисерот на Баерн Минхен, Џамал Мусијал, е меѓу најдобрите млади играчи во денешниот фудбал. Овој 20-годишен офанзивен играч за врскае проценет на 110 милиони евра, а неговиот договор со Баварците е до 2026 година.
Во Манчестер Сити го означија Џамал Мусијал како едно од посакуваните засилувања, сметајќи го за потенцијален наследник на Кевин Де Брујн.
Медиумите на островот пишуваат дека Манчестер Сити подготвил „опширно досие“ за Џамал Мусијал, додека претставници на „Граѓаните“ го следеле во живо минатиот месец на натпреварот од Лигата на шампионите со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, наводно верува дека Џамал Мусијал ќе стане топ десет во светот за една или две години и би сакал да го види во својот тим.
Секако, ова зависи и од Баерн Минхен, кој го донесе Џамал Мусијал како младинец од Челзи во 2019 година, кога имаше само 16 години. Тешко дека ќе го пуштат на „ситни промени“, но прашање е дали Манчестер Сити може да испрати понуда „која не може да се одбие“…