Манчестер Сити конечно како порано! Прослави со „тениски резултат“ и се врати во Топ 4

Фудбалерите на Манчестер Сити конечно одиграа како порано и на гости го победија Ипсвич Таун со 6:0 и со тоа најавија подобри денови и враќање во старата форма.

Очајните настапи на Манчестер Сити би можеле да бидат минато по денешниот натпревар. На „Етихад“ почнаа да се случуваат позитивни работи, се шпекулира дека казната поради 115 поени од обвинението за кршење на правилата на Премиер лигата нема да резултира со одземање бодови и исфрлање од лигата, а Ерлинг Халанд ја продолжи неговиот договор е 10 години.

Веднаш Граѓаните одиграа многу подобро и поопуштено. Веќе по првите 45 минути беше јасно дека Сити бележи убедлив триумф.

Фил Фоден постигна два гола и намести еден во првото полувреме за Матео Ковачиќ за сигурни 3:0. Тоа беше резултатот од првиот дел.

Во 49. минута четвртиот гол за Граѓаните го постигна Џереми Доку, а на стрелците конечно во 57. минута се приклучи и Ерлинг Халанд. Тој претходно пропушти двесте проценти шанси.

Подоцна Пеп Гвардиола им даде шанса на неколку млади играчи, а еден од нив ја искористи. Џејмс Мекати погоди во 69. минута за конечни 0:6.

Со оваа победа Манчестер Сити скокна на четвртата позиција со 38 бодови, додека Ипвшич остана во зоната за испаѓање со 16.