Добиле пари од фирми кои не постојат.
На Островот се подготвува фудбалски пресврт, а фокусот е на Манчестер Сити за чии проблеми во тимот веќе пишувавме.
Премиер лигата го обвини Манчестер Сити за кршење на правилата за финансиски фер-плеј по четиригодишна истрага.
Ова го соопшти фудбалскиот уредник во угледниот „Тајмс“, Мартин Циглер.
Доколку се докаже вината, а обвинението се однесува на неколку точки, на „граѓаните“ би можело да им се одземат бодови.
Во тој случај би можеле да се збогуваат со титулата, која се уште изгледа далеку, бидејќи Арсенал има пет бода повеќе и натпревар помалку.
Во Сити, изгледа, „муљале“ со спонзори од Обединетите Арапски Емирати, бидејќи добивале пари од фирми кои не постојат.
Така, „Вега“, компанија која наводно се занимава со промет на криптовалути, со години е спонзор на Сити, но се покажа дека нема ниту еден вработен, туку очигледно била само параван за државна помош за шампионот на Англија.