Манчестер Јунајтед загуби и падна уште подолу, никој не памети толку лоша позиција на табелата

Вулверхемптон го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 во 18. коло од Премиершип и ја продлабочи големата криза на „црвените ѓаволи“.

Клубот од Олд Трафорд е само на 14. место со 22 бода, а не е многу подобрено доаѓањето на новиот тренер Рубен Аморим.

Домашните победија во 58. минута со голот кој директно од корнер го постигна Матеус Куња.

Бразилецот итро изведе удар од корнер кој прелета покрај сите играчи, вклучително и голманот Андре Онана, и заврши во мрежата за 1:0.

Залудно камерунскиот голман се огласи за фаул, бидејќи немаше ,,волците” поведоа.

Претходно, Манчестер Јунајтед доби црвен картон во 47. минута и остана со играч помалку откако Бруно Фернандеш беше исклучен поради втор жолт картон.

Во следното коло Вулверхемптон му гостува на Тотенхем, додека Манчестер Јунајтед го очекува домашен натпревар против Њукасл.

Резултат и стрелец:

Вулверхемптон – Манчестер Јунајтед 2:0 (Куња 58′, Переира 90+8′)