По катастрофалната сезона во која опстанокот во Премиер лигата во еден момент дури беше доведен во прашање, Манчестер Јунајтед сака да го реновира офанзивниот дел од тимот со две големи засилувања.
Без разлика на напаѓачите, Манчестер Јунајтед се подготвува за многу активно лето, можеби клучно за блиската иднина на клубот. Ова ќе биде прв преоден рок за Рубен Аморим, со кого сакаат да градат иднина на тренерската позиција.
Аморим и Манчестер Јунајтед ќе се ослободат од најмалку десетина играчи, кои целосно разочараа оваа сезона, а ќе си заминат и некои играчи кои се на позајмица.
Паралелно се работи и на офанзивните засилувања и офанзивната линија на тимот во следната сезона треба да изгледа сосема поинаку со новото дуо.
Како што објави угледниот новинар на ESPN, Роб Досон, Манчестер Јунајтед сака во текот на летото да ги доведе Виктор Осимхен и Лиам Делап, двајцата централни напаѓачи и дека ги сака во тандем.
Осимхен со години е голема мета на Јунајтед како еден од најдобрите напаѓачи во Европа, а по одличната позајмица во Галатасарај оваа сезона, сигурно е дека ќе си замине од Наполи како слободен играч. Манчестер Јунајтед има пари да го привлече со висока плата.
Посебно се издвојува уште едно име, а тоа е младиот напаѓач на Ипсвич, Лиам Делап. Станува збор за поранешен младински играч на ривалот Манчестер Сити, кој се истакнува во Ипсвич, за кој сезонава постигна 12 гола.
Делап ја започна својата кариера во Сити, но оттаму беше продаден на Ипсвич. Младиот напаѓач (21) блесна во првата сезона во новиот клуб и има интересна клаузула – откако Ипсвич и официјално испадна од Премиер лигата, ќе биде достапен за само 30 милиони фунти, што во денешниот фудбал е мизерна бројка за толку млад и талентиран напаѓач.