На самиот крај од сезоната најдобрите светски клубови се во потрага по засилувања. Меѓу нив секако е и Манчестер Јунајтед кој, како што пренесуваат англиските медиуми, имал за цел да го „украде“ засилувањето на Челзи.
Конкретно, „Црвените ѓаволи“ сакаат да го доведат играчот од средниот ред на Челзи, Мејсон Маунт. Тие наводно се подготвени да понудат 55 милиони фунти за неговиот трансфер, што е значително помалку од проценката на Челзи за него (85 милиони фунти).
Мејсон Маунт влегува во последната година од договорот на „Стемфорд Бриџ“ и постои голема неизвесност околу неговата иднина. Интерес за доведување на 24-годишниот фудбалер претходно покажаа Арсенал и Ливерпул, но негов голем обожавател е и идниот тренер на Челзи, Маурисио Покетино и прашање е каде ќе игра Англичанецот следната сезона.
Новиот сопственик на Челзи, Тод Боли, потроши повеќе од 600 милиони фунти на потписи во последните два преодни рока и договорот на Мејсон Маунт не беше приоритет за него.
Затоа би можеле да одлучат за преселба од „Стемфорд Бриџ“ доколку не го убедат да потпише нов договор.