Ви пренесуваме серијал за најголемите тепачки во светот на спортот кои уште долго ќе се раскажуваат…
За бруталната тепачка што се случи меѓу играчите на Барселона и Атлетик Билбао во финалето на Купот на кралот на 5 мај 1984 година сè уште се зборува…
На тој меч Билбао славеше со минимален резултат и го освои трофејот, но сите се сеќаваат на незаборавната борба во која главен актер беше легендарниот Диего Марадона.
Ел Пибе се сети што осум месеци претходно му направи „Касапот од Билбао“ Андони Гоикоче, кој тешко го повреди, па мораше да паузира долго време.
Затоа беше нервозен и сакаше да се одмазди. Сепак, Барселона доживеа пораз, кој долеа масло на огнот.
Наводно, играчот на Атлетико, Мигел Сола, му рекол на Марадона „Оди си“, што предизвика гнев кај најголемата ѕвезда на светскиот фудбал. Голманот на ривалот интервенираше, а Диего веднаш го удри со колено во главата.
Тогаш на теренот настана вистински хаос, не се знаеше кој кого удира, минијатурниот Аргентинец се трудеше да биде максимално брутален.
Тој подоцна беше принуден да му се извини на кралот на Шпанија, кој го следеше натпреварот заедно со 100.000 други навивачи.
Тој натпревар се покажа како последен за Марадона во дресот на Барселона.