Маргрете Вестагер: “ЕУ и САД ќе изготват кодекс на однесување со вештачка интелигенција“

Еврокомесарката за конкуренција Маргрете Вестагер изјави дека верува оти нацрт кодексот за однесување на генеративната вештачка интелигенција може да биде изготвен „во текот на следните недели“, а договорот да биде потпишан „многу, многу скоро“.

Вестагер, која е потпретседателка на Европската комисија, на прес-конференција по состанокот на Советот за трговија и технологија на ЕУ-САД истакна дека генеративната вештачка интелигенција целосно ја менува играта.

Сите знаат дека ова е следната моќна работа. Така, во текот на следните недели ќе го унапредиме нацрт кодексот на однесување со вештачка интелигенција“, посочи Вестагер

вештачка интелегенцијаМаргрете Вестагер