Маричиќ: До крајот на месецот конечната верзија на реформската агенда на ЕК

„Имаме сериозна цел и подготвени сме да ги извлечеме најдобрите придобивки од Планот за раст, кој треба да донесе дополнителна динамика во евроинтегративните процеси на земјите кои аплицираат за членство во ЕУ. Рокот за поднесување на реформскиот план е испочитуван и до крајот на месецот ќе ја доставиме конечната верзија до Европската комисија, додека првата исплата на средствата се очекува во септември“, вели вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

„Ова е усогласено. Рокот беше 26-ти Испративме материјал, Реформскиот план. Денеска во текот на денот има и консултации со граѓанскиот сектор и до крајот на овој месец ќе ја доставиме конечната верзија веќе одобрена од Владата. Значи, тоа ќе го постигнеме со тој рок од 24-27-ма година, бидејќи во спротивно, ако ја чекаме постизборната математика и новата влада, ќе доцниме и сите други држави веќе ќе го одобриле“, рече тој. Маричиќ на новинарско прашање по заедничката прес-конференција со молдавската колешка Кристина Герасимов.

Тој потсети дека во врска со Планот имало и консултации со претставници на опозицијата.

„Јавно кажав и дека на оваа тема имавме комуникација со претставници на опозицијата во Собранието и дека имаме разбирање да продолжиме со овој процес без разлика што се работи за техничка Влада. Не зависи се од нас, но ако се оди според планот, првите седум проценти од сумата од 850 милиони евра планирана за Македонија треба да пристигнат веќе во септември“, рече Маричиќ на новинарско прашање.