Маријан живее на само 300 метри од гробиштата, а се сомнева дека телото го однел со велосипед.
Полјак 13 години го чувал телото на својата мртва мајка во својата куќа, а грозоморниот случај стана познат кога го посетил роднина.
Имено, мумифицираното тело на мајката било ставено на софата пред телевизорот.
Познато е и дека нејзиниот син (76) го ископал нејзиниот труп од гробот, а потоа го донел во семејната куќа во Радлин, за што сега му се заканува затворска казна.
Кога роднината, со кој инаку не е близок, забележал дека Полјакот избезумено се шета по улицата, решил да повика брза помош.
Меѓутоа, во неговата куќа имаа што да видат – мумијата лежеше на каучот на куп весници од 2009 година.
Утврдено е дека таа е Јадвига Л. која починала во јануари 2010 година.
Се верува дека нејзиниот син Маријан Л, го ископал нејзиното тело по погребот и го мумифицирал, а во куќата е од 2010 година, ја “хранел” и со неа гледал реални шоуа и серии – соопшти полицијата.
Маријан живее на само 300 метри од гробиштата, а се сомнева дека телото го однел со велосипед.
Во станот се чувствувал мирис на нафталин, но и покрај се телото било во „совршена состојба“, додава полицијата.
Локалните медиуми јавуваат дека Маријан бил осаменик и дека ни соседите не му го знаеле името.
Секогаш излегуваше навечер и се возеше со велосипед во непознат правец – рекол еден сосед.
Затоа мештаните го нарекоа Вампир.
Наводно, тој разговарал со својата покојна мајка и заедно гледале телевизија.
Дури се обиде да ја нахрани.
По страшното откритие, мајката Јадвига ќе биде повторно погребана.