„Украинците би сакале да имаат претседател како рускиот лидер Владимир Путин – отворен, решителен, образован и кој не зборува од документите што му се испратени од Вашингтон“, изјави денес портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Трагедијата на украинскиот народ е што тие навистина сакаат да имаат претседател како Владимир Путин, а наместо тоа постојано ги имаат оние што му ги дава Западот“, изјавила Марија Захарова на редовниот брифинг со новинарите.
Според неа, австрискиот познат доктор и психијатар Зигмунд Фројд може во голема мера да објасни што се случува во Украина.
„Украинците го мразат, велат дека го мразат и се многу агресивни кон Владимир Путин токму затоа што би сакале Владимир Путин да им биде претседател. Ним им треба некој таков – отворен, решителен, добро информиран, кој не зборува од весникот што му го пратиле од Вашингтон, туку зборува затоа што знае што зборува“, оценила Марија Захарова.