Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денес изјави дека Запад ја „уценувал“ Србија дека што и да направи, не смее да соработува со Русија.
„Како и досега во Украина, Запад и постави услов на Србија, наместо хармоничен развој во согласност со националните интереси на српскиот народ, да направи тежок избор – или со Запад или со Русија. Но, сега тој избор е формулиран сосема поинаку, така што Србија може да го избере само Запад“, вели Марија Захарова.
Според неа, нивните последни барања главно звучат како „ултиматум“, што и да прави Србија, единствено не смее да соработува со Русија“.
Таа додаде дека Украина некогаш била вовлечена во истата рамка, а сите предупредувања од Русија биле игнорирани. Исто така, кажа дека Србија во текот на својата историја не дозволила вакво сценарио на своја територија.
„Србија избра да се води од своите национални интереси. Не се согласи да ги исполни условите на Запад“, порача Марија Захарова.