Наташа Беквалац организираше промоција на нови песни во ресторан во главниот град. Бројни колеги ја поддржаа, а на Марија Шерифовиќ особено ѝ се допадна албумот „Мама“.
Преку социјалните мрежи, Шерифовиќ ги пофали новите песни на Наташа, а воедно се задеваше и со многу други колеги.
– Во последно време сите „издаваат албуми“ кои се исти, плитки, без вкус и естетика. Речиси никој навистина нема што да каже. Албумот „Мама“ е сè што ретко го слушаме денес. Честитки – напиша Марија Шерифовиќ на својот Инстаграм.
Да потсетиме, покрај Александра Пријовиќ која најави враќање во шоуто, на промоцијата на Наташа присуствуваа и Ацо Пејовиќ, Гога Секулиќ, Сека Алексиќ, Драган Брајевиќ Браја, Дејан Костиќ, Владан Савиќ, Анабела Атијас, Дарко Танасијевиќ, Дадо и многу други.