Српската пејачка Марија Шерифовиќ настапи во Холандија, а еден детаљ од овој настап ги освои мрежите кога таа го прекина концертот за момент, а тоа е поради ќебапите.
Шерифовиќ пееше во арената „Силвердум“ во Зотермер, Холандија, а за време на настапот почувствува мирис на кромид, застана и ја праша публиката што е тоа.
„Ќебапи?! Стоп, луѓе, чекајте. Ова е, ааа, концерт. Какви ќабапи се овие…?“ рече Марија, на што публиката се расплака од смеа.
Потоа праша дали некој навистина продава ќебапи и каде, а таа луто одговори: „Одлично, браво за организаторите“.
„Но знаеш што, бидејќи тие ќебапи се тука, донеси две парчиња за да можеме да ги пробаме. Бидејќи се задушувам со кромид… сите што ги следат моите влогови знаат дека нема ништо што го мразам повеќе од кромид“, продолжи Марија.
Покрај настапот, пејачката споделува детали од својот секојдневен живот и во влогови на YouTube, каде неодамна ја спомена својата „омраза“ кон кромидот.
Инаку, Шерифовиќ на почетокот на јули објави дека по 10 години го напушта натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“.
„Мои кукли, сигурна сум дека не можам да ги сместам сите емоции што ги чувствувам додека го пишувам ова во неколку реченици. По 10 години поминати во жирито на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, чувствувам дека дојде време да го затворам ова важно поглавје од мојот живот и кариера“, напиша таа во своето обраќање.
Српската пејачка потоа им посака среќа на новиот директор и на тимот што ќе остане во „Ѕвездите на Гранд“.