Пејачките Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ се многу блиски пријателки.
Марија Шерифовиќ сега објави фотографија на Инстаграм која заинтригира многумина.
Имено, таа и Јована Пајиќ се на неа, а и двете се прикачени на инфузија.
„Подготовките за новата песна официјално започнаа. Боже, дај ми сила и мудрост“, напиша Шерифовиќ, а со оглед на тоа што Јована е насмеана, може да се заклучи дека причината за инфузијата не е многу сериозна.
Потсетуваме, двете се секогаш тука една за друга, се поддржуваат и се охрабруваат, а во неколку наврати имаше и обвинувања за нивна врска, кои тие ја негираа.
Пајиќ беше мажена за фронтменот на Тропико Бенд Сале и со него има две ќерки.