Српската пејачка Марија Шерифовиќ се огласи на социјалните мрежи откако почнаа да се шират гласини дека по напуштањето на жирито на Звездите на Гранд, таа ќе се приклучи на жирито на Пинк Ѕвезди.
„Од септември нема да бидам во ниту едно жири од ниту еден телевизиски формат, бидејќи дојде време да се одморам, а единствениот кандидат што ме интересира е Марио Шерифовиќ“, напиша таа на Инстаграм.
На почетокот на овој месец, Шерифовиќ потврди дека го напушта Големото жири на „Ѕвездите на Гранд“ по 10 години.
„Сите овие години беа многу повеќе од работа. Беше едно големо, незаборавно искуство – полно со смеа, солзи, дискусии, надежи и неверојатни млади луѓе кои ме инспирираа и ме потсетија зошто музиката има моќ да менува животи. Низ сите овие сезони, пораснав и како уметник и како личност. Имав среќа да ја научам оваа работа од најдобрите. Од мојот Сале, кој сигурно би се расправал со мене денес. Ви благодарам за можноста да бидете дел од ова рајско место. Беше чест, директоре“, напиша таа, меѓу другото.