Марија Шерифовиќ на социјалните мрежи се прости и од легендарниот Халид Бешлиќ.
Српската пејачка сподели кратка, но емотивна порака на својата Инстаграм приказна, во која им се заблагодари на сите за секое скршено стакло и пролеана солза.
„Музичкото срце на Босна и Херцеговина престана да чука. Халид, вечна слава и благодарност за секоја скршена чаша и пролеана солза. Искрено сочувство до семејството“, напиша таа во објавата.
Од легендарниот пејач од БиХ очекувано се простија бројни личности од светот на музиката, но и од другите гранки. Меѓу нив се: Назиф Гљива, Индира Левак, Енис Бешлагиќ, Џанан Муса, Един Џеко, Илма Карахмет, Жељко Комшиќ и Емир Спахиќ.
Ве потсетуваме дека Бешлиќ почина денес на 72-годишна возраст по кратка борба со тешка болест. Пејачката беше хоспитализирана кон крајот на август во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.