Марија Шерифовиќ пред три месеци ја исполни најубавата улога во животот, стана мајка на момчето за кое сега проговори.
Како што истакна на почетокот, иако е мал синот, веќе го забележала карактерот што го има, кој и’ се допаѓа.
– Марио е одличен, тој е прекрасно момче. Одлично ни оди. Тој е мало суштество со карактер што ми се допаѓа, ако е буден осум часа, седум се смее – изјави Марија во „Викенд специјал“, па откри дали се променила:
– Ако требаше да се случи да се сменам, тогаш нека биде.
Пејачката истакнува дека го чекала моментот кога ќе го објави албумот кој симболично го носи името „Долази љубав“ и е посветен на нејзиниот син. Сега, кога се заедно некое време, таа прави многу подготовки за турнејата, но не е сигурна дали ќе го земе Марио со себе.
-Размислувам да го земам мојот син со мене, но тој е сè уште мал. Сепак, морам да кажам, бидејќи повторно снимам во „Ѕвездите на Гранд“, постојано мислам на него и ѝ се јавувам на Вера да видам како е син ми – изјави Марија.
Пејачката се осврна и на тоа што беше претседателка на стручното жири во финалето на Евровизија и како гледа на победничката Теја Дора.
– Најпрво сакам да им честитам на сите, и на финалистите и на организаторите. Морам да кажам дека кога гласам, најважно е што ќе и’ се допадне на европската публика. А тоа е дефинитивно Теја Дора, која лично не ја познавам, но мислам дека е толку оригинална и морам да кажам дека девојката пееше без ниту еден ,,фалш”, – изјави Марија.