Марија Шерифовиќ со синот се врати во Белград: Објави фотографии од станот, насекаде балони и украси, а вака му се обрати на своето семејство

Марија Шерифовиќ неодамна доби син со помош на сурогат мајка на кој му го даде името Марио.

Бројни пријатели и личности од естрадата воодушевено и со љубов и’ честитаа на пејачката за најважната улога во животот а Марија со денови не ја крие среќата.

Првата објава со бебето одекна како бомба, а сега Шерифовиќ откри дека пристигнале во топлиот дом на семејството и дека наскоро ќе добијат посети од сите драги луѓе кои едвај чекаат да ја видат.

– Па баби, дедовци, тетки, чичковци, пријатели, браќа и кумови – од утре во 10 часот прифаќаме подароци – напиша Марија.

Да потсетиме, таа неодамна проговори за жената која и’ подарила дете.

– Пред да се одлучам за сурогат мајчинство, неколку пати се обидов да ја носам бременоста и не успеав, на мое големо жалење. Навистина не сакам јавно да ги објаснувам медицинските причини за тоа, но сурогат мајчинството беше мојот единствен избор – изјави таа.