Пејачката Марија Шерифовиќ добила бебе, известуваат српските медиуми. Детето кое го посакувала со години се родило на почетокот на декември, а бременоста ја извршила сурогат мајка.
Марија Шерифовиќ сега се радува на своето дете за кое отсекогаш сонувала. Целиот процес траел долго и доаѓањето на бебето било чувано во строга тајност, ако се земе предвид дека бременоста ја извршила сурогат мајка.
Познато е дека Марија Шерифовиќ со години нагласува дека сака да има дете.
Таа зборуваше за нејзината желба да има бебе во една телевизиска емисија.
– Тоа е многу интимно прашање, особено во овој момент и во овој случај. Не сум го сменила тоа мислење и со нетрпение го очекувам тој момент, кој веројатно се ближи. Во принцип, сè што има врска со дете е сериозна работа и co тоа нема шеги. Тоа ќе ми се случи на многу испланиран начин, кога ќе бидам подготвенa да му ја подадам суштината на мојот живот на Шерифовиќ јуниор. Знам како ќе се вика, но не можам да кажам – изјави Марија Шерифовиќ пред година и пол.
Дополнително, кога неодамна со следбениците на Инстаграм прослави 20 години од објавувањето на првиот албум, оние кои знаат да читаат меѓу редови можеа да забележат дека нешто се подготвува откако повторно ја спомна „Шерифовиќ Јуниор“.