Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим одлучи да му даде нова шанса на Маркус Рашфорд.
Откако го остави Англичанецот надвор од последните четири натпревари, Аморим реши да го повика Рашфорд за вечерашниот натпревар против Њукасл.
Не се знае дали Рашфорд ќе стартува, но јасно е дека е вратен поради суспензијата на Бруно Фернандеш и повредата на Мејсон Маунт.
Многумина веруваат дека ова е можеби последна шанса Рашфорд да му ја покаже желбата да се докаже на Рубен Аморим, во спротивно, сигурно е дека ќе си замине, можеби веќе во јануарскиот преоден рок.
Јунајтед е во серија лоши резултати, на 15 декември го победи Сити на гости, но пред и потоа не славеше, а на табелата е 14-ти со 22 бода.
Натпреварот Манчестер Јунајтед – Њукасл е на програмата од 21.00 часот.