Марк Закерберг повторно ја предвидува иднината: Го објави датумот на крајот на мобилните телефони!

Мобилните телефони се појавија во нашите животи пред нешто помалку од три децении, донесувајќи вистинска револуција. Сепак, ништо не трае вечно и сега се наѕира промена…

Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, јасно стави до знаење што нè очекува со впечатлива изјава: „Ќе биде како со персоналните компјутери“.

Закерберг веќе спомена потенцијална замена. Се зборува за производ кој постепено ќе ги замени паметните телефони, откако паметните часовници не успеаја да ја преземат таа улога. Паметните часовници останаа корисен додаток, но не станаа доминантна платформа.

Закерберг истакна елемент што ќе го промени технолошкиот пејзаж – паметните очила.

„Тие ќе станат следната голема компјутерска платформа“, тврди Марк.

Според него, ова ќе се случи со очилата: „Ќе дојде време кога вашиот паметен телефон ќе биде повеќе во вашиот џеб отколку надвор. Мислам дека тоа ќе се случи во 2030-тите, и додека ќе можете да ги завршувате задачите на поцелосен или подобар начин со телефон, корисниците ќе се одлучат за практичноста на очилата за да го сторат истото.“

Apple со своите Vision Pro и Meta се најистакнатите компании во развојот на паметни очила, но многу други технолошки компании работат на истиот производ веќе долго време.