Марк Руте се обиде да се „ослободи“ од коментарите за Трамп: „Не го нареков тато“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во денешното интервју за Ројтерс негираше дека го нарекол американскиот претседател Доналд Трамп „тато“.

Руте објасни дека го употребил зборот „тато“ за време на претходната прес-конференција со Трамп, кога американскиот претседател го опиша конфликтот меѓу Иран и Израел како борба меѓу две деца, бидејќи, како што вели, понекогаш слуша земји како го прашуваат дали САД ќе останат во НАТО.

„Реков, тоа звучи малку како мало дете кое го прашува својот татко: „Еј, дали сакаш да останеш со семејството?“ Значи, во тој контекст го употребив зборот „тато“, а не дека го нареков претседателот Трамп тато“, додаде Руте.

Трамп беше прашан и за оваа бизарна интеракција со Руте, велејќи дека „Руте го сака“.

„Тој го кажа тоа љубезно, како „тато“, како „ти си мојот татко““, рече Трамп, додека во позадина можеше да се види американскиот државен секретар Марко Рубио, не можејќи да се воздржи од смеа на прашањето.

Патем, Руте, зборувајќи за израелско-иранската војна, која беше запрена по 12 дена, се осврна на аналогијата што ја употреби Трамп, за двете земји како „деца на училишно игралиште“.

„Тогаш тато понекогаш мора да користи груб јазик“, рече Руте со смеа.