Основачот на Facebook и мултимилијардер Марк Закерберг еднаш откри зошто секој ден носи едноставна сива маица на работа.
Закерберг, кој некогаш стана еден од најмладите милијардери во светот, очигледно има плакар полн со сиви маици во кои најчесто се појавува во јавноста.
Еднаш новинарите го прашаа зошто секогаш носи сиви мајци кога може да си дозволи што сака , а многумина беа изненадени од неговиот одговор. Имено, Марк одговорил дека недостатокот на моден сенс му овозможува да остане повеќе фокусиран на деловниот живот.
Не сака да троши енергија на модата
„Навистина сакам да си го поедноставам животот за да морам да носам што е можно помалку одлуки за што било друго освен како најдобро да и служам на оваа заедница“, рече тој, додавајќи дека има „повеќе исти маици“ во неговиот плакар.
„Јас сум во навистина среќен бидејќи секој ден можам да се разбудам и да служам повеќе од милијарда луѓе“, заклучил тој, откривајќи како дури и она што може да изгледа како наједноставна одлука, како да одбере што да појадува или што да носи секое утро, може да троши непотребна енергија.
„Се чувствувам како да не ја работам својата работа ако трошам дел од мојата енергија на нешта кои се глупави или несериозни“, додаде Закерберг.
Судејќи по неговиот Инстаграм, Закерберг во меѓувреме ги прошири своите модни изданија, па во последно време често може да се забележи во темно сини маици, но и во нешто посмели изданија.