Мароко повторно ја отвори својата амбасада во Ирак по 18 години отсуство

– Мароканското Министерство за надворешни работи повторно ја отвори својата амбасада во Багдад по 18-годишно отсуство.

Мароканската амбасада во Багдад беше затворена во 2005 година, а дел од дипломатската мисија беше префрлена во Јордан поради „влошените безбедносни услови“ во Ирак.

Шефот на мароканската дипломатија Насер Бурита присуствуваше на повторното отворање на амбасадата во Багдад, каде имаше средба и со својот ирачки колега Фуад Хусеин.

Министрите се заложија за трговско-економска соработка меѓу двете земји.