Марс, планетата на акцијата, која астролозите ја нарекуваат и господар на војната, влегува во Вага на 6 август и ќе остане таму до 22 септември. Оваа планетарна позиција носи одличен период за Вага, Водолија и Близнаци. Нема да им се допадне на Јарците, Раковите и Овните.
Марс во Вага е во знак кој не е во хармонија со неговата основна природа, па затоа неговата енергија тука се манифестира на посуптилен и дипломатски начин.
Наместо директна и импулсивна акција, Марс во Вага бара рамнотежа , компромис и праведност.
Избегнување на конфликт
Луѓето со оваа позиција често избегнуваат конфликти, но се исклучително чувствителни на неправда и можат да реагираат бурно ако почувствуваат дека рамнотежата е нарушена. Нивната сила лежи во способноста да водат преку соработка, да ги почитуваат туѓите гледишта и да бараат решенија што ги задоволуваат двете страни.
Неодлучност
Во љубовта, Марс во Вага се стреми кон хармонични врски и е привлечен од партнери со стил, шарм и такт. Тој може да изгледа неодлучен во моменти кога треба брзо да реагира, бидејќи треба да ги разгледа сите страни на ситуацијата пред да направи чекор. Сепак, кога ќе се одлучи, дејствува со одлично чувство за тајминг.
Марс во Вага знае како да се бори за другите на тивок, но ефикасен начин, како и да ја насочи својата желба за акција преку врски и борба за правда.