Марта Кос: Македонија е тажна приказна, предолго чека на почеток на преговори за ЕУ

Има две или три многу тажни приказни. Една од нив е дека Косово не може да оди напред. Друга тажна приказна е Македонија. Знаете, ако треба да чекаме со Украина колку што Македонија чека почеток на преговори, тогаш Украина би ги започнала преговорите во 2045 година. И, секако, тука е и Босна и Херцеговина, изјави еврокомесарката за проширување, Марта Кос во интервју за Радио Слободна Европа.

Кос изразува очекувања дека до крајот на нејзиниот мандат како комесарка во Европската комисија, позиција што ја презеде пред седум месеци, Црна Гора и Албанија би можеле да станат членки на Европската Унија.

Таа кажа дека Словенија откако станала членка, значително се променила на подобро.

„Бев во Словенија, и тој регион во некои аспекти е многу подобрен од пред 20 години, односно пред Словенија да стане членка на ЕУ“, изјави Кос.