Изградбата на коридорите 8 и 10Д е од стратешки национален интерес, проект на чија реализација се чекаше повеќе од три децении.
За изградбата на делниците од коридорите да чини поевтино и да заврши побрзо, предвидени се измени и дополнувања на пет закони кои веќе се наоаѓаат во соодветна собраниска процедура.
Со носењето на измените и дополнувањата, државата ќе заштеди 150 милиони евра, а изградбата ќе заврши во предвидениот рок, наместо рокот да се пролонгира дополнително.
Коридорот 8 влегува во мрежата на главни европски коридори, додека со коридорот 10Д подобро го поврзуваме југозападниот дел со централниот дел и со главниот град на државата.
Со нивната изградба, државата станува вистинска крстосница на Балканот, а стопанството ќе добие подобро поврзување со уште две пристаништа.
Изградбата на коридорите освен подобро поврзување внатре и надвор, со себе носи и економски придобивки, преку раст на два отсто годишно на БДП, нови 8.000 работни места и најмалку 600 милиони евра директно во домашните компании.
Блокадите на овој национален проект од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица мора да бидат поразени.
Мартин Костовски, пратеник од СДСМ.