Масакр во Бугарија: Ги застралал тетката, мајката и сестрата, братчето усепало да избега

Дваесет и петгодишен Бугарин убил тројца членови на своето семејство и ја запалил куќата, додека неговиот седумгодишен брат, иако повреден, успеал да избега, информираат медиумите во Бугарија.

Тројното убиство се случило во селото Љулијаково, општина Руен, на југоистокот од Бугарија.

Според прелиминарните извештаи, осомничениот околу 4 часот ја застрелал својата 73-годишна тетка, 47-годишната мајка, 13-годишната сестра и 7-годишниот брат.

Детето, и покрај повредите, успеало да избега од запалената куќа и да ги извести властите, давајќи клучни информации за нападот.

Полицијата и екипите за итни случаи од општина Руен и противпожарната служба на Ајтос брзо реагирале.

Тие го изгаснале пожарот и пронашле три јагленисани тела во куќата.

Седумгодишното момче, иако повредено, е хоспитализирано и според извештаите, неговиот живот не е во опасност.

Наводниот сторител е уапсен во 9:35 часот наутро, по брзи оперативни и истражни мерки спроведени од страна на службеници на Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи во Бургас.

Окружното обвинителство во Бургас започна прелиминарна истрага за овој случај.